Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

Најтранспарентното котирано друштво ја има акцијата на годината и добри ESG-практики – „Алкалоид“ со четири престижни награди  

17 дек. 2024 г.·2 мин читање·1280 прегледи

Следете не на Viber

„Алкалоид“ е добитник на четири престижни годишни награди што ги доделува Македонска берза – за Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ESG-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија.

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16 декември 2024 година, АЛКАЛОИД АД Скопје ги доби

Признание за Најтранспарентно котирано акционерско друштво компанијата освојува по 12-ти пат и со тоа ја потврдува посветеноста на „Алкалоид“ АД Скопје кон највисоките стандарди на корпоративно управување. Транспарентноста во работењето и квалитетната комуникација со сите засегнати страни – инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста – се основните вредности кои доследно ги негува компанијата.

Наградите ја одразуваат решителноста на „Алкалоид“ за одговорно работење, како и успешната имплементација на моделот за одржлив раст и развој. Наградата за добри ESG-практики е значајно признание за успешната имплементација на ESG-стандардите во работењето и за нивната интеграција во деловните стратегии, како и доказ за довербата која ја имаат сите засегнати страни во компанијата, а која ја мотивира да продолжи со постигнување врвни резултати и со создавање долгорочна вредност за инвеститорите, заедницата и за идните генерации.

Посветен на јасна предвидливост и на високи перформанси „Алкалоид“ ќе продолжи да ги зајакнува овие принципи во годините што следуваат, останувајќи лидер во деловната етика и во корпоративната одговорност.

Клучни зборови

  • акција на годината
  • Алкалоид
  • годишни награди
  • добри esg-практики
  • Македонска берза
  • најтранспарентно котирано друштво
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk