Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Најновите макроекономски проекции на Народната банка презентирани пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции

11 дек. 2020 г.·3 мин читање·2269 прегледи

Следете не на Viber

Најновите макроекономски проекции на Народната банка презентирани пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции – проектираниот економски раст од 3,9% за следната година, очекуваме дека би бил поддржан од сите извори на растот

Вчера, на видеоконференциски состанок, најновите макроекономски проекции на Народната банка без презентирани пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции.

Презентирајќи ги проекциите, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочи дека макроекономското сценарио и ризиците околу него пред сѐ се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти.

„Проектираниот економски раст за следната година, очекуваме дека би бил поддржан од сите извори на растот, при што домашната побарувачка би имала позитивен придонес. Очекуваме постепено намалување на воздржаноста и зголемување на склоноста кон потрошувачка. Потрошувачката на домаќинствата би била и поддржана преку растот на расположливиот доход и солидната кредитна активност од страна на банките. Очекуваме и зголемена инвестициска активност и зголемена склоност за преземање нови инвестициски одлуки, оцена што е во согласност со натамошен раст на кредитирањето на компаниите, интензивирање на државните инфраструктурни проекти, како и со стабилизирањето на глобалната економија, раст на извозот и зголемени странски директни инвестиции.” – истакна гувернерката.

На среден рок, како што беше напоменато и на состанокот, се очекува растот на економијата да продолжи, но сепак, неизвесноста и ризиците се и натаму присутни.

Во презентацијата, Ангеловска-Бежоска одделно посочи дека инфлацијата и натаму останува ниска и стабилна, а дека и покрај шокот предизвикан од пандемијата, надворешната позиција на македонската економија е умерена, при што тековните проекции на билансот на плаќања посочуваат на раст на девизните резерви во периодот на проекција.

На состанокот, гувернерката се осврна на кредитната активност, посочувајќи на нејзиниот досегашен солиден раст, значајно поддржан и од релаксираната монетарна политика и овозможената регулаторна флексибилност од страна на Народната банка. Во следниот период се очекува натамошно зголемување на кредитната поддршка, којашто и натаму ќе биде клучна за закрепнувањето на економијата, а во услови на раст на изворите на финансирање и поповолни очекувања.

Како што веќе е и соопштено, главниот надолен ризик за проекциите се поврзува со евентуалното повторно воведување на строги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како и евентуалното побавно справување со вирусот од тековните очекувања. Но, од друга страна, позитивен ризик се побрзиот напредок во третманот на корона-вирусот, како и во развивањето на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Оттука, и во рамки на состанокот беше нагласено дека доколку заканата од корона-вирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне економската активност.

Презентирањето на макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е традиционална практика, а овој пат, имајќи ги предвид околностите со пандемијата, за првпат се одржа преку видеоконференциска врска.

Клучни зборови

  • макроекономија
  • Народна банка
  • нбрсм
  • проекции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk