Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

На дното: 10 најниски плати во Македонија

24 фев. 2021 г.·2 мин читање·2747 прегледи

Следете не на Viber

Доколку ги анализираме просечните плати по дејности во месец декември 2020 година во Македонија, може да забележиме дека 55 дејности или една половина се со просек помал од просечната плата.

На дното со просечни плати во Македонија се наоѓаат вработените во заштитни и истражни дејности каде просечната плата изнесув 15.933 денари или плата која е за 12.361 денар помала од просечната плата во Македонија.

Потоа следуваат производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 16.777 денари, Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив се со просечна плата од 17.189 денари.

Вработените во дејности за подготовка на оброци и служење на храна се со просечна плата од 17.697 денари.

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со просечна плата од 17.946 денари

Вработените во производство на облека земаат просечна плата од 18.184 денари

Вработените во производство на мебел земаат просечна плата од 19.674 денари, додека во дејноста рибарство и аквакултура просечната плата изнесува 19.996 денари.

Вработените  во дејноста објекти за сметување и сервисни дејности со храна имаат просечна плата од 20.264 денари или 329 евра. По нив следат вработените во дејноста стстранување на отпадни води со просчна плата од 20.269 денари. Овие дејности ги сочинуваат ТОП 10 најниски просечни плати во Македонија.

Да се потсетиме дека, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари, додека пак синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари.

На пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во декември била 76.223 денари или 1239 евра.

Дознај: Каде се кријат највисоките плати во Македонија, [ т у к а ]

Прочитај и Анализа: Цените зголемени за 1,6% –  живеачката “поскапа” за 1000 денари 

Клучни зборови

  • најниски просечни плати
  • плати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk