Иако за многу од текстилните фабрики минатата година беше исклучително тешка, при што Државниот завод за статистика забележа дека производството на облека е намалено за 11,3 проценти, а на облека за 9,9% во однос на 2020 година, анализата што ја направи порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк, покажува дека кај најголемите комапнии се вртеле приходи од по повеќе десетици милиони евра, дека најголемата „Комфи ангел“ имала раст на прометот, но пад на добивката, како и дека најмногу и се посреќило на компанијата „Декор текстил“.
Но, како што може да се забележи, компаниите со најголеми приходи, всушност не произведуваат класична облека, туку тие произведуваат постелнина, навлаки за автомобилската индустрија, или специфичен индустриски текстил.
„ДЕКОР ТЕКСТИЛ“ СО НАЈГОЛЕМ СКОК
Вкупниот промет (приход) што го направиле петте најголеми компании во текстилниот сектор бил 119,7 милиони евра, а на врвот е „Комфи ангел“ , компанија која беше прва на листата по приходи и во минатата година. Оваа компанија лани остварила приход од 38,7 милиони евра, што е раст в…