Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Најмоќни жени во банкарството: Кејт Квин

15 мар. 2021 г.·2 мин читање·1172 прегледи

Следете не на Viber

Кејт Квин е потпретседател и главен административен директор на U.S. Bancorp.

На 5 мај, Кејт Квин испратила е-пошта до 3.140 вработени во U.S. Bancorp, со кои раководеше во тоа време, со наслови во меил – „Јас сум добро, не сум добро и добро е“ за што, очекуваше повратни меилови на сите кои се справуваат со гневот на пандемијата на корона вирусот.

Таа доби повеќе од 20 писмени одговори и слушна пофалби од другите во текот на летото. „Навистина ме обзеде одговорот на тоа“, рече Квин. „Мислам дека луѓето се чувствуваа како да им дава дозвола да се чувствуваат на одреден начин, па дури и да не се чувствуваат добро. Понекогаш луѓето треба да знаат дека сите сме луѓе “.

Квин, помина голем дел од годината управувајќи со планот за одговор на Ковид 19 на банкарските компании во Минеаполис. Заедно со главниот директор за ризици Јоди Ричард, Квин помогна во пренасочување на 55.000 вработени во работа од дома, имплементираше премија за плаќање од 20% за работниците од првата линија и обезбеди дополнително платено слободно време, грижа за децата и други поволности за погодените од вирусот.

Тоа го стори сево ова воспоставувајќи повеќе релации – како врв на нејзиниот надзор над стратегијата, владините односи, комуникациите, маркетингот, општествената одговорност на компанијата, искуството на клиентите и вработените и дигиталното. Квин беше главен службеник за човечки ресурси од јануари до средината на септември. И таа го стори тоа, како мајка на три деца. (Нејзините деца сега имаат 21, 16 и 11 години. Најстариот, повеќе не живее дома. најмладиот, исто така, има аутизам.

Квин, се приклучи на компанијата во 2013 година како главен директор за маркетинг, рече дека настаните во изминатите неколку месеци ја принудија да „води поинаку“ отколку во минатото.

„Јас навистина ги земам предвид индивидуалните околности на луѓето“, рече таа. „Не дека порано не го правев тоа, но сега разговарам со луѓето, додека нивните деца свират на пијано во позадина и кучињата лаат. Тоа е емотивно и стресно време за луѓето, бидејќи тие се вовлечени во многу насоки“

Прочитај и: Најмоќните жени во банкарскиот сектор: Елен Алемани

Прочитај и: Најмоќни жени во банкарството: Кели Кофи

Клучни зборови

  • банкарство
  • бизнис жени
  • Кејт Квин
  • најмоќни жени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk