Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата веќе поминаа на Влада и сега одат во Собранието каде што треба да се изгласаат. Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата, не може да биде помал од 18.000 денари. Зголемувањето од сегашните 15.200 на 18.000 денари, всушност се доплнителни 2.800 денари за 80.000 работници.
„Пари“ аналзираше во кои сектори има најниски плати и каде работнците ќе видат подобрување на животниот стандард со изгласувањето на законските измени кои ќе донесат минимална плата од 18.000 денари.
Вообичаено кога се зборува за минималните плати, синоним е текстилната и чевларската индустрија. Но, податоците од државниот завод за статистика, покажуваат дека најниска плата има во „заштитни и истражн…