Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Најголемото купување на акции во историјата

23 мар. 2021 г.·2 мин читање·1351 прегледи

Следете не на Viber

Волстрит се подготвува да “прими” неколку милијарди долари како свеж капитал оваа недела.

Ванда Рисрч проценува дека малите инвеститори најверојатно ќе купат акции за три милијарди долари откако на Американците ќе им бидат префрлени 1.400 долари по лице од пакетот на претседателот Џо Бајден.

Во тој случај, дневниот промет би се зголемил за 1,5 милијарди долари во споредба со просекот од последните неколку месеци. „Тоа ќе биде далеку најголемо дневно купување на мали инвеститори досега“, изјави Ерик Лиу, директор за истражување на „Ванда Рисрч“, за „Фајненшл тајмс“.

Дојче банка неодамна процени дека малите инвеститори со сметки на платформите за трговија преку Интернет ќе инвестираат повеќе од една третина од стимулациите добиени, во акции. Со текот на времето, тоа би додало 170 милијарди долари на американската берза.

Овие проценки добро одразуваат колку станале значајни мали инвеститори на најголемата светска берза. „Тоа е група која не вложува стимулации во реалната економија, туку во акции“, објаснува Ендру Слимон, постар менаџер на портфолио во „Морган Стенли Инвестмент Менаџмент“.

Приливот на капитал на малите инвеститори, како и бројот на отворање на нови брокерски сметки, нагло се зголемија откако парите од минатогодишните пакети со економски стимулации паднаа на сметките на граѓаните.

Така, во март 2020 година, сумата што малите инвеститори ја потрошија на акциите скокна за 838 милиони долари над вообичаените нивоа. Кога дополнителниот пакет беше одобрен во декември, приливот на капитал се зголеми за 381 милиони долари над просекот.

Извештајот потсетува дека пакетот на стимулации на Бајден од 1,9 илјади милијарди долари е најголемиот износ на директна економска помош за Американците од почетокот на пандемијата пред повеќе од една година. Аналитичарите сметаат дека помладите инвеститори ќе го водат овој бран на берзата.

Клучни зборови

  • Берза
  • Волстрит
  • пакет
  • платформа
  • сметки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk