Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Најголемиот Хамер на светот има еднособен стан со бања во внатрешноста и газда -шеик

31 јул. 2023 г.·3 мин читање·1374 прегледи

Следете не на Viber

Големите теренски возила се хит во последно време, но повеќето од нив се само верзии на обични пикапи и теренци. Но, сите тие се детска игра во споредба со зголемената реплика на американскиот бренд на теренци Хамер, кој е повеќе од три пати поголем од нормално теренско возило на компанијата.

На богаташ од Обединетите Арапски Емирати минатата недела му бил испорачан џиновски работен Hummer H1, кој беше снимен на патиштата во ОАЕ оваа недела, кој апсолутно се надвива над сообраќајот со нормална големина.

Внатре во најголемиот Хамер во светот во сопственост на „Шеик Виножито“, како го нарекуваат Хамад Бин Хамдан Ал Нахјан – милијардер и член на кралското семејство на Емиратите има доволно простор за два ката, скалила, гостинска спална соба и кујна

Шеикот сега го поседува најголемиот Хамер во светот – висок 21 метар, наречен Hummer H1 X3. Џипот-чудовиште е создаден од шеикот, кој досега го држи Гинисовиот рекорд за најголема колекција на возила 4×4 – со 718 модели.

Hummer H1 X3 веќе има обезбедено место во неговиот историски музеј Sharjah Off Road во ОАЕ. Музејот тврди дека е „три пати поголем од нормалниот Hummer H1 по размер и 27 пати по волумен“.

Кога огромното возило беше однесено на јавните патишта за прв пат, мала армија работници беа ангажирани да помогнат во водење и преместување по автопатите.

Со максимална брзина од само 20 милји на час, возилото е изградено на рамката на амфибиското товарно возило со челик LARC-LX на американската армија. Има четири дизел мотори – по еден за секое тркало.

Во суштина ова е мала куќа на тркала, внатрешноста е распослана на два ката – содржи спална соба, кујна и бања, може да се пофали со поглед од 360 степени и дрвен под, со возачкото седиште поставено на вториот кат.

Огромната колекција на автомобили на Шеик Хамад вклучува и W126 Mercedes Benz S-класа во боја на виножито. Тој го доби прекарот шеик на Виножито затоа што поседува седум Mercedes S-Class во различни бои.

Тој е милијардер со огромно влијание во Абу Даби и познат по своите ексцентрични навики за трошење. Шеикот потроши дел од своето богатство на завидна колекција на мотори – вклучително и неколку стари Mini Coopers, копии на Benz Patent Motorwagen од 1885 година.

Историскиот музеј Sharjah Off Road се наоѓа на 30 километри северно од Дубаи.

Клучни зборови

  • Hummer
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk