Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Професии со најголема плата во Македонија

22 мај 2020 г.·2 мин читање·477 прегледи

Следете не на Viber

63.174 денари нето плата примале вработените во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности .

Овие податоци се однесуваат за март 2020 година, а ги објави Државниот завод за статистика. Вработените во овој сектор имаат највисоки плати. Состојбата е иста со квартали наназад. Просечната плата во март годинава изнесувала 26.422 денари, или за 7,4 отсто повисока од истиот месец во 2019 година.

Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика. Растот е поради зголемувањето на просечната плата за вработените во образованието, за 12,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, каде растот е 11,2 отсто и кај преработувачка индустрија каде просечната плата се зголемила за 9,8 отсто во споредба со март, 2019 година.

Но, се намалиле платите на вработените во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за 15,6 отсто, уметност, забава и рекреација, за 15,4 отсто. Пад има и кај платите во секторот  стручни, научни и технички дејности, каде намалувањето е за 9,9 отсто.

Македонскиот работник во просек зема 430 евра, а за споредба во Хрватска просекот е 886 евра. Во март во некои сектори имало раст, а во други намалување на платите.

Клучни зборови

  • заработка
  • македонија
  • плата
  • примања
  • професија
  • работно место
  • финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk