Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Најголем пад на доларот по две и пол години

1 дек. 2020 г.·2 мин читање·2705 прегледи

Следете не на Viber

Курсот на доларот падна во понеделникот и е најнизок во последните 2,5 години наспроти шестте најважни валути во светот ,и е на пат да оствари најголема месечна загуба од јули

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на доларот во однос на другите шест најважни светски валути, изутрината се наоѓаше на 91,66 поени, останувајќи најнизок во последните 2,5 години. Падна за 0,14 проценти во споредба со цената по која се тргуваше вчера, а од почетокот на ноември ослабе за околу 2,5 проценти и е на пат кон најголемата месечна загуба од јули.

Курсот на еврото достигна ново највисоко тримесечно ниво од 1,1984 американски долари, што е скоро 0,2% повеќе од цената по која се тргуваше во петокот. Инвеститорите внимателно го следат неговото клучно ниво од 1,20 долари, откако од Европската централна банка (ЕЦБ) на почетокот на оваа година сигнализираа дека внимателно го следат движењето на еврото во однос на доларот.

Во ноември, ситуацијата на глобалните пазари нагло се подобри, предизвикувајќи ослабување на доларот, додека поризичните валути зајакнаа бидејќи инвеститорите почнаа да се однесуваат поризично по победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД и објавувањето на низа вести за напредокот во пронаоѓањето на вакцина за ковид-19. Кои се очекува да влијаат со фискален стимул во САД.

Азијците и валутите што ги следат движењата на цените на суровините на светскиот пазар се поддржани од подобрата економска клима во Кина, која води кон глобално закрепнување од шоковите предизвикани од Ковид-19.

Во исто време, британската фунта зајакна 0,12 отсто, на 1,3330 американски долари и е стабилна во однос на еврото, со цена од 89,83 пени за евро. Инвеститорите за понатамошните чекори внимателно ги следат вестите поврзани со преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за идните односи по Брегзит.

Клучни зборови

  • доларот
  • најголем
  • пад
  • по две и пол години
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk