Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Uncategorized

Д-р Владимир Ефтимоски, генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, награден за „Најдобар банкар во Република Македонија за 2020 година“

4 ное. 2020 г.·2 мин читање·173 прегледи

Следете не на Viber

Престижниот финансиски магазин ,,Finance Central Europe“ му ја додели наградата ,,Најдобар банкар во РепубликаМакедонија за 2020 година“ на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

Магазинот ,,Finance Central Europe“, кој ја оценува 2020 година како исклучително предизвикувачка за банките како главни играчи и помагатели на компаниите и населението,  наградите за најдобрите во банкарството ги доделува на основ на постигнати резултати на банката и успешното раководење на високиот менаџмент на банката за време на ковид-кризата, воспоставувајќи контрола и  стабилна база за идни ветувачки позитивни проекции.

Со тоа, признанието е уште позначајно затоа што се доделува во време на пандемија со вирусот Ковид-19, кој направи големи економски штети и ги исправи банките пред големи предизвици.

„Се ближиме до крајот на 2020 година, која ќе остане во нашите трајни сеќавања, година во која водиме битки на многу фронтови. Горд сум што Стопанска банка а.д. Битола успешно излезе во пресрет на потребите на сите свои клиенти, им обезбеди поддршка за да ги пребродат финансиските турбуленции и, во исто време, обезбеди висок степен на континуитет во понудата на квалитетни услуги и на стабилен и сигурен раст на бизнисот. Оваа награда за мене има посебна вредност токму поради тежината која со себе ја имаше 2020 година. Од сите предизвици со кои досега сум се соочил во банкарското работење, ова е еден од најголемите, кој сè уште трае. Ширењето на вирусот бара уште поголемо лидерство и тоа ќе биде основно за банкарскиот сектор секаде низ светот. Наградата е дополнителен поттик за мене и тимот во Банката да останеме посветени и будни на остварување на зацртаните деловни планови, секако со гарантирана безбедност на вработените и на клиентите“, изјави Г-дин Ефтимоски.

Ова е едно од неколкуте меѓународни признанија за Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, кои се должат на неговиот професионален, посветен и иновативен пристап во банкарството. Тој минатата година од магазинот ,,Finance Central Europe“ ја доби и престижната награда „Најдобар банкар во Република Северна Македонија во периодот од 1999-2019 година“.

Клучни зборови

  • finance central europe
  • Најдобар банкар
  • Стопанска банка АД Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk