Цената на суровата нафта од типот Брент во 2022 година порасна за околу 10 насто, откако во 2021 година порастот беше 50 насто. Цената на американската сурова нафта WTI порасна за речиси 7 насто во 2022 година, по растот од 55 насто во претходната 2021 година. Овие движења на двата клучни параметри на глобалниот нафтен пазар, следуваат по нивниот силен пад во 2020 година, предизвикан од намалената побарувачка за горива поради пандемијата од КОВИД-19. Постоеше висока неурамнотеженост на цените на суровата нафта и на нафтените деривати во текот на 2022 година.
Во месец март имаше силен раст предизвикан од војната во Украина, со што се помести глобалниот тек на суровата нафта на светско ниво, при што нафтата Брент достигна 139,13 $/bbl, што е највисоко ниво од 2008 година. Во втората половина од годината, цените брзо се намалија, како резултат на чекорите преземени од централните банки за запирање на растот на инфлацијата, при што цената на нафтата Брент падна до 80 $/bbl на крајот од годината.
Вака накусо, Регулаторната комисија за енергетика во Извештајот за 2022 година ги сумираше случувањата со нафтата на глобално ниво. Растот на цените, генерално се одрази и на приходите на ко…