Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Нафта, војна и ризик од рецесија: ММФ со мрачни сценарија за глобалниот раст ако кризата ескалира

15 апр. 2026 г.·2 мин читање·1957 прегледи

Следете не на Viber

Глобалната економија влегува во период на зголемена неизвесност, а војната на Блискиот Исток веќе ги влошува економските перспективи, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај.

Фондот ја намали прогнозата за глобалниот економски раст и сега очекува тој да изнесува околу 3,1 процент, под претпоставка дека конфликтот ќе биде краткотраен. Но, според главниот економист Пјер-Оливие Гуринчас, ова сценарио може брзо да стане застарено.

„Глобалните перспективи нагло се влошија, а секој ден со нови енергетски нарушувања нè турка кон понеповолно сценарио“, предупредува Гуринчас.

ММФ разработува три можни сценарија – од релативно стабилизирање до сериозна криза. Во основното сценарио, цените на нафтата би се стабилизирале и годинава би изнесувале околу 82 долари за барел. Но, доколку конфликтот се пролонгира, тие би можеле да се задржат околу 100 долари, што би го намалило глобалниот раст на околу 2,5 проценти.

Најцрното сценарио предвидува нагло поскапување на енергенсите – и до 110 долари за барел во 2026 и 125 долари во 2027 година. Во такви услови глобалниот раст би се свел на околу 2 проценти, што претставува праг на глобална рецесија – ситуација што од 1980 година се случила само неколку пати.

Дополнителен ризик е инфлацијата, која би можела повторно да се забрза поради високите цени на енергијата. Тоа би ги принудило централните банки повторно да ги заострат монетарните политики, што дополнително би го забавило економскиот раст.

Иако пред конфликтот глобалната економија покажуваше знаци на стабилизација, ММФ предупредува дека тековните геополитички тензии можат брзо да ја сменат сликата и да ја турнат светската економија кон нова фаза на нестабилност.

(Фото: Freepik)

 

Клучни зборови

  • Глобални економски перспективи
  • криза
  • ММФ
  • прогнози
  • рецесија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk