Во 2010 година преку железницата се транспортирани малку над 3 милиони тони стока. Во 2024 година, пак, количината е 858 илјади тони, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Наспроти ваквиот драстичен пад , расте превозот преку товарниот патен сообраќај. Во 2010 година преку друмовите се пренесени 34.782.000 тони стока, а 14 години подоцна 84.347.000 тони, или речиси два и пол пати повеќе. Генерално, има раст на вкупно превезените количини на стока. Целата количина на транспортирана стока лани била 88.720.000 тони, а во 2010 година изнесувала 40.056.000 тони. Податоците јасно покажуваат дека се променила структурата на начинот на превоз, а се зголемило и учеството на авионскиот сообраќај.
Железничкиот сообраќај во минатото бил особено експлоатиран за големите индустриски капацитети, затоа што бил поповолен од товарниот сообраќај, а за некои дејности бил и единствената опција. Низ годините, како стареат нашата железница и товарните возови, железницата полека се повлекува од игра. Мора да се спомене дека веќе е променета и нашата структура на стопан…