Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Над 1.800 вработени во јавното здравство тужат за неисплатени додатоци – побаруваат повеќе од 2 милиони евра

21 мај 2026 г.·3 мин читање·5942 прегледи

Следете не на Viber

Тужби против здравствените установи каде што работат покренале 1.822 вработени кои побаруваат најмалку 134,6 милиони денари или 2,18 милиони евра. Најчестиот мотив се неисплатените додатоци за работа, односно неплатените прекувремено одработени часови.

Судски постапки се водат во 62 од 108 јавните здравствени установи во државата, каде што и продуктивноста е најниска, посочи директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Најголем поединечен финансиски товар има Клиничката болница во Битола, каде што тужбените барања достигнуваат 16,8 милиони денари, додека најмногу тужители има во Општата болница во Куманово, дури 317.

Според Клековски, најголем дел од споровите произлегуваат од неисплатени надоместоци за прекувремена работа, ноќни смени, работа во недела и празници, бонус плати и јубилејни награди.

„Тужбите претежно произлегуваат од проблеми во примената на Законот за работни односи и колективните договори. Реалниот финансиски товар врз јавното здравство може да биде значително повисок, бидејќи голем дел од постапките сè уште не се завршени“, изјави Клековски.

Дополнителен притисок се очекува и годинава. Од ФЗО посочија дека само Здравствениот дом во Кратово најавил околу 65 нови тужби годинава, со потенцијални побарувања од над 3,5 милиони денари.

Паралелно со анализата на судските постапки, Фондот објави и детална слика за платите во јавното здравство. Анализата опфаќа 18.872 вработени во 12 типови јавни здравствени установи за декември 2025 година.

Просечната нето-плата во јавниот здравствен сектор изнесувала 50.039 денари, додека основната нето-плата без додатоци била 37.660 денари. Разликата покажува колку значајна улога имаат дежурствата, сменската работа и останатите додатоци во вкупните примања на медицинскиот персонал.

Највисоко учество на додатоци во платите има кај установите што функционираат во 24-часовен режим. На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија додатоците учествуваат со 40,66 проценти во вкупната плата, во Клиничката болница во Штип со 37,83 проценти, а на Институтот за радиологија со 37,67 проценти.

Од друга страна, превентивните установи и поликлиниките имаат значително помал удел на додатоци, под 15 проценти, бидејќи работат главно во редовно работно време и без дежурства.

„Оваа анализа ни дава јасна слика за тоа каде и зошто се исплаќаат додатоците. Наш приоритет е транспарентноста и ефикасното користење на јавните средства“, рече Клековски.

Во обид да се спречи натамошното натрупување судски трошоци и камати, Министерството за здравство, ФЗО и синдикатите веќе формирале работна група која треба да ги расчисти спорните прашања околу исплатата на додатоците.

„Тоа што следува треба да се исплаќа, но да не се оставаат сиви зони за неетичко постапување“, порача Клековски.

Како дел од препораките, ФЗО предлага приоритетно да се исплаќаат правосилните пресуди и спогодбените случаи, да се воспостави централен регистар за следење на судските предмети и да се зајакнат правните служби во установите каде има најмногу тужби.

Клековски се осврна и на хроничниот недостиг на медицински кадар, особено на анестезиолози кои, како што вели, речиси исчезнуваат од дел од јавните здравствени установи во државата. Сепак, и покрај кадровските проблеми, бројот на вработени во јавното здравство продолжува да расте. По околу 18.000 вработени во 2024 година, лани бројката достигнала речиси 19.000, а очекувањата се дека во текот на оваа година ќе биде надмината таа граница.

Клучни зборови

  • здравствени работници
  • Сашо Клековски
  • тужби
  • ФЗО
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk