Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НА ВАГАТА НА ПРОФИТОТ – Седум банки потешки од 59 компании

9 авг. 2024 г.·3 мин читање·3080 прегледи

Следете не на Viber

Вкупна добивка од 12.225.946.830 денари или 198,7 милиони евра оствариле во првите шест месеци од годинава 66 друштва кои котираат на Берзата. Резултатот е за 23,48 проценти подобар од истиот лански период, кога 67 компании имале заеднички 9.901.006.837 денари, односно 160,9 милиони евра. Во заедничкиот профит најголем удел имаат седум банки. Повеќе од половината е нивна заслуга. Поточно, партиципираат со 53,6 проценти. Остатокот од 92,2 милиони евра е распореден на контата од 59 компании.

Од друштвата кои котираат на Македонска берза, според официјалниот преглед на финансиските резултати постигнати во првата половина од годинава, загуби забележале 22. Се работи за вкупен минус од 436.883.976 денари (7,1 милион евра). Сегашната слика е подобра. Лани од јануари до јуни негативното салдо било 774.845.249 денари (12,5 милиони евра), а бројката на „минусарите“ е иста.

Од добивките и загубите произлегува вкупната нето-добивка во износ од 11.789.062.854 денари или 191.692.079 евра, која е за 29,18 насто над онаа од минатогодишниот споредбен период (9.126.161.588 денари/148.392.871 евро).

Банките се без конкуренција кога станува збор за добивката, а најголем процентуален годишен скок има кај заедничкиот профит што го направиле друштвата што се занимаваат со трговија.

Вкупниот ефект кај седумте банки што котираат на берзата е 6.554.231.322 денари (106,5 милиони евра). Најголем скок на добивката има кај Комерцијална банка – 42,16%. Познато е, предничи и со сумата од 46 милиони евра. Најголемата банка, заедно со НЛБ (+13,10%) и скопската Стопанска (+18,95%) имаат чиста ситуација, односно раст на профитот. Битолската Стопанска банка со последниот позитивен се извлече од претходниот негативен финансиски резултат, а пад кај добивката бележат три банки:  ТТК (-12,13%), УНИ (-33,20%) и Централна кооперативна банка (-9,69%).

Заеднички нето-профит што се изразува со десет цифри е забележан уште во индустријата и во услуги.

Од 35-те друштва од дејноста индустрија, осум работеле со загуба, а едно нема дадено податоци. Оттаму, нето-добивката од 1.842.341.966 или речиси 30 милиони евра, која има раст од 80,45 насто, ја прават 26 компании.

Во дејноста услуги заедничката добивка на друштвата што котираат на Македонска берза е намалена за 2,24 отсто на годишно ниво. Износот е 1.196.303.000 денари (19,4 милиони евра). Нето-добивката ја креираат 12 фирми, бидејќи шест полугодието го завршиле во минусна фаза.

Иако помала од милијарда денари, сепак висока е добивката во фармација што ја прават „Алкалоид“ и „Реплек“. Заедно направиле профит од 893.416.643 денари (14,5 милиони евра), кој е за 6,05 насто поголем од минатогодишниот споредбен период.

На Македонска берза котираат 93 друштва. Во позитива се 66, 22 работеле со загуба, едно не приложило извештај, а четири се долгорочно суспендирани.

 

M.A.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • котирани друштва
  • Македонска берза
  • преглед на финансиски податоци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk