Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ставени на тапет фирми што земале пари од државата а не им дале плати на вработените

4 јан. 2021 г.·2 мин читање·2219 прегледи

Следете не на Viber

351 фирма се најдоа на листата кој го објави Владата, а на кои се тие кои земале државни субевниции за плати на работниците не им исплатиле плата за ноември.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

За ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13 178 работодавачи е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени.

За  245-те работиодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај  компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125  и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

Листата е достапна на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf

Клучни зборови

  • земале пари од државата
  • листа на фирми
  • Сања Лукаревска
  • список
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk