Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

На „Пекабеско“ добро му оди продажбата – зголемени приходи и од домашниот и од странските пазари

13 мар. 2024 г.·2 мин читање·602 прегледи

Следете не на Viber

Инвестиции, приходи и расходи зголемени за по три проценти и добивка се ефектите од работењето на „Пекабеско“ во текот на минатата година. Сето тоа, речиси стопроцентно  базирано врз продажбата на сопствените производи на домашниот и странските пазари.

За 2023 година „Пекабеско“ бележи нето-добивка од 145,998 илјади денари, односно 2,36 милиони евра.

Од работењето се остварени вкупни приходи од 5.527 милиони денари (над 89,6 милиони евра), што споредено со претходната 2022 претставува зголемување од три проценти. Доминантни во таа структура – со 98,7 отсто е приливите кои произлегуваат од продажба на готовите производи, стоки и услуги. Тие донеле 5,456,167 илјади денари (88,5 милиони евра). Зголемување од четири проценти има кај приходите од извоз. Изнесуваат 749 милиони денари (12,1 милион евра).

Минатата година и вкупните расходи пораснале за три проценти, па достигнале износ од 5.383 милиони денари (87,3 милиони евра).

Во основни средства компанијата лани инвестирала 112 милиони денари или 1,8 милиони евра. Главните вложувања се направени во производствена и транспортна опрема.

Производите на „Пекабеско“, чие годишно производство достигнува девет илјади тони, ги има во регионот – Србија, БиХ, Косово и Црна Гора, но и на европските пазари, бидејќи компанијата е на листата одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Македонија.

 

Клучни зборови

  • добивка
  • инвестиции
  • Пекабеско
  • финансиски резултати 2023
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk