Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

На листите со најголем раст и пад – први акциите на РЖ Услуги и на Гранит

10 ное. 2025 г.·2 мин читање·790 прегледи

Следете не на Viber

На домашниот пазар на капиталот, во октомври најголемиот процентуален раст е забележан кај акцијата на РЖ Услуги. Месечната промена е за 11,11 насто, со кои се претставени дополнителните пет денари што ги добила вредноста на оваа акција – од септемвриските 45 на 50 денари.

Акцијата на Тетекс Тетово има позитивен исчекор од 4,83 насто. На 30 септември чинела просечни  2.194 денари, а на 31 октомври – 2.300 денари.

На средината од берзанската листа на акции со најголем пораст е Македонски Телеком. Со додадените 4,55 насто, единечната цена за акција се зголемила за 20 денари, од 440 на 460 денари.

Следи Витаминка Прилеп, чијашто акција го поправила просекот за 500 денари, односно за 4,17 насто и на крајот од октомври се заокружила на 12.500 денари.

Дополнителните 3,99 насто на акцијата издадена од Реплек ѝ ја обезбедиле петтата позиција од оваа листа. Во апсолутен износ тоа е плус од 614 денари, односно има просечна вредност од 15.995,34 денари.

Во текот на октомври акцијата на Гранит загубила нешто повеќе од 106 денафри од својата вредност. Претходниот месец изнесувала 1.786,51 денар, а потоа 1.680 денари. Минусот од 5,96 отсто ја издвојува како акција со најголем пад.

На крајот од септември акцијата на Стопанска банка Битола имала просечна цена од 3.230 денари, а еден месец подоцна 3.134 денари. Разликата е -2,97 отсто.

Пад од 2,90 отсто е регистриран кај акцијата на Фершпед, чија вредност е намалена за 1.600 денари. Од 55.100 на 53.500 денари.

Акцијата на ТТК Банка загубила 40 денари или 2,42 проценти. Од 1.650 денари, цената опаднала на 1.610 денари.

Минималното осипување од 1,02 отсто, за акцијата со знакот на Мермерниот комбинат од Прилеп значи триесеттина денари помалку: на 30 септември имала просечна вредност од 3.334 денари, а на 31 октомври од 3.300 денари.

Клучни зборови

  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk