Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

На ГТЦ му тргна – во првото тримесечје позитива од 129 илјади евра

25 апр. 2023 г.·2 мин читање·2080 прегледи

Следете не на Viber

По периодите во кои бележеше загуби, во првиот годинешен квартал Градскиот трговски центар оствари позитивни финансиски резултати во бруто износ од 8.009 илјада денари, или 129,7 илјади евра.

Во текот на тие три месеци акционерското друштво евидентирало вкупни приходи од 1,02 милиони евра (63.477 илјади денари). Во овој сегмент има раст од пет проценти во однос на претходната година. Кога станува збор за трошоците, тука има осумпроцентно намалување и се во износ од 898,8 илјади евра (55.468 илјади денари).

Како што наведуваат од ГТЦ, целта е ефектите од годинешното работење да се согледаат преку реализација на позитивни резултати, за што ќе максимално ќе се користат распоиложивите капацитети.

Претходните финансиски извештаи на ГТЦ воопшто не беа оптимистички. Друштвото работеше со загуби, ланските беа 11 проценти поголеми од тие во 2021. Или, минусното салдо за 2022 броело 646 илјади евра, а една година пред тоа – 581 илјади евра. Во 2020 загубата изнесувала 658,3, а во 2019 – 556,3 илјади евра.

Последните податоци, се чини, го пробиваат мразот. Дали ГТЦ конечно ги остава зад себе лошите денови и дали навистина ќе му тргне, ќе се види во текот на годинава. Можеби симболот на Скопје ќе фати чекор со новоизградените молови?

Клучни зборови

  • Градски трговски центар АД Скопје
  • ГТЦ
  • прв квартал 2023
  • финансиски извештаи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk