Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

На Берза ќе се тргува со нови корпоративни обврзници на ТТК банка со фиксни 5 % камата

28 ное. 2025 г.·2 мин читање·2520 прегледи

Следете не на Viber

Инвеститорите од утре ќе може да се тргуваат и со корпоративни обврзници издадени од ТТК банка, а на вложените средства ќе се пресметува фиксна каматна стапка од пет насто. Се работи за трета емисија, која опфаќа 1.000 долгорочни должнички хартии од вредност, чија што номинална цена е илјада евра. Одлуката за котација е донесена пред повеќе од еден месец од страна на Одборот на директори на Македонска берза.

Како што е нведено, вкупниот износ на емисијата е еден милион евра, а средствата од  корпоративните, преносливи, субординирани, необезбедени обврзници ќе се користат за зголемување на капиталот на Банката. Бидејќи емисијата е од 18 септември годинава, ќе достаса на истиот ден во 2031 година.

Во целиот тој период ќе важи петпроцентната каматна стапка, а каматата ќе се исплаќа годишно. Или, на 180от ден од септември секоја година, почнувајќи од идната. Притоа, каматата ќе се пресметува во евра, исплатата ќе биде денарска.

Што се однесува до субординираноста, односно правната положба на овие вредносни хартии, се посочува дека се „необезбедени и субординирани обврски во однос на обврските на Банката кон останатите депоненти и доверители и не подлежат на каков било договор или друг правен акт што го намалува степенот на субординација“. Исто така, се вели дека не можат да бидат откупени или привремено отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Банката.

Во тој контекст, од Македонска берза имаат препорака за потенцијалните инвеститори:

„Имајќи го предвид наведеното, како и при секое вложување во хартии од вредност потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувања кои издавачот во иднина ќе ги објавува преку системот на Берзата за електронско известување од котираните друштва СЕИ-Нет“.

Клучни зборови

  • корпоративни обврзници
  • Македонска берза
  • нова емисија
  • ттк банка
  • фиксна каматна стапка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk