Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

На 1 Мај сите пред Работничкиот дом – ССМ повикува на масовен протест

28 апр. 2026 г.·2 мин читање·846 прегледи

Следете не на Viber

„За плата се бориме, не се молиме“ е мотото на протест што Сојузот на синдикатите го организира за 1 Мај. Од ССМ повикуваат на масовност, при што работниците гласно ќе ги истакнат барањата за повисоки плати и за подобри работни услови. Осмиот и веќе традиционален првомајски работнички протест ќе започне во 11 часот  пред Работничкиот дом во Скопје.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија нагласуваат дека борбата за работничките права е континуиран процес, а Меѓународниот ден на трудот е симболичен момент кога солидарноста треба да се покаже на дело. Посебен акцент се става на поддршката за работниците со најниски примања, со порака дека денешната борба е инвестиција во подобра иднина за сите.

„Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

Први мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина“, се наведува во повикот упатен до работниците.

На протестот се очекува учество на повеќе гранкови синдикати од различни сектори, меѓу кои и на тие кои веќе договорија зголемување на платите. Во објавата се наведени: Синдикат на УПОЗ; Синдикат за градежништво; Независен синдикат за образование и наука; Синдикат на културата; Синдикат на работниците од трговијата; Синдикат на медиумски информативни агенции; Македонски полициски синдикат; СИЕР Македонија; Агро-синдикат; Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита; Синдикатот на хемија, неметали и метали; Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија; Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва; Синдикатот на работниците од сообраќај и врски; Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници; Синдикатот на финансиските дејности; Синдикат за слободно дејствување; Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори.

Клучни зборови

  • 1 мај
  • повисока плата
  • работнички протест
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk