Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Morgan Stanley ја затвора вратата за своите вработени кои не примиле вакцина

24 јун. 2021 г.·2 мин читање·1455 прегледи

Следете не на Viber

На персоналот и клиентите на мултинационална инвестициска банка на Morgan Stanley во Њујорк, нема да им биде дозволен влез во зградата освен ако не се целосно вакцинирани против корона вирусот. Невакцинираните вработени ќе мора да работат на далечина.

Новите правила ќе стапат на сила следниот месец за да се овозможи укинување на одредени ограничувачки мерки кои беа донесени за спречувањето на ширењето на пандемијата со Ковид-19. Минатата недела, управата на банката ги повика своите вработените да се вратат во своите канцеларии.

Во внатрешниот меморандум се наведува дека од 12 јули сите вработени, клиенти и посетители ќе треба да потврдат дека биле целосно вакцинирани доколку сакаат да пристапат до просториите на зградата во Њујорк, а истото важи и за оние во Вестчестер.

Морган Стенли веќе издвои работни простории во некои одделенија во кои можат да влезат само вакцинираните, вклучително и оние каде што се обработуваат институционални хартии од вредност и оние каде се управува со богатството. На почетокот на овој месец, извршниот директор на банката, Џејмс Горман, рече дека би бил разочаран доколку вработените не се вратат во своите канцеларии до септември.

Клучни зборови

  • Morgan Stanley
  • вакцина
  • Вработени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk