Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

МОН го честита Светскиот ден на науката: Догодина рекорден буџет за македонската научна дејност

10 ное. 2025 г.·2 мин читање·840 прегледи

Следете не на Viber

Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 773 милиони денари за наука.

Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.

Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарди денари со кои продолжува финансирањето на научно истражувачки проекти за развој на лабораториските ресурси за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и организирање на научни и студиски престои во странство.

Посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање, така што, заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме во реализација на личните амбиции.

Развојни политики добиваат континуитет, затоа што секој влог во науката се исплати и на средства и труд во овој сегмент, не треба да се штеди.

Честит 10 Ноември Светски ден на науката!

Клучни зборови

  • буџет
  • Министерство за образование и наука МОН
  • научно-истражувачка работа
  • Светски ден на науката
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk