Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Моја Кравица ги исполни желбите – најсреќниот добитник патува во Дизниленд!

27 окт. 2025 г.·3 мин читање·1376 прегледи

Следете не на Viber

Со насмевки, радост и вистинска магија, Бимилк го слави победникот на главната награда на националната наградна игра – „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Главната награда, фамилијарно патување во Дизниленд Париз, ја освои најсреќниот потрошувач Магдалена Димитриева од Кавадарци, која заедно со своето семејство ќе ужива во светот на соништата, фантазијата и авантурата, токму онаму каде што детската радост живее највистински.

Наградната игра траеше од 15 септември до 26 октомври 2025 година, а потрошувачите учествуваа со купување на кои било два омилени Моја Кравица производи – чоколадно млеко, милкшејк или пудинг, со што секоја недела имаа можност да освојат вредни награди. Во текот на шесте недели, доделени беа: 18 iPhone 15 телефони, 18 PlayStation 5 и 30 Моја Кравица пакети со производи.

Извлекувањето на главната награда се одржа во присуство на стручна комисија, во Cineplexx Скопје, пред ученици, добитници и нивните семејства. Настанот беше исполнет со детска смеа и радост, а атмосферата ја збогати маскотата Моја Кравица, која беше вистинска ѕвезда на сцената. Посетителите уживаа и во мини квиз за млекото и здравите навики, заедно со омилениот водител кај најмладите Марко Новески, а денот заврши со слатки детски насмевки и чоколадни мустаќи создадени за време на проекција на анимираниот филм „Tafiti“.

„Со оваа наградна игра сакавме да им овозможиме на нашите лојални потрошувачи моменти исполнети со радост, блискост и семејна топлина. Моја Кравица отсекогаш била повеќе од производ – таа е дел од секојдневието, дел од семејните ритуали кои ги зближуваат генерациите. Без разлика дали станува збор за чаша чоколадно млеко наутро, пудинг после школо или милкшејк во момент на уживање, нашите производи се тука да создаваат мали радости што се паметат. Се надеваме дека со доделените награди, ги израдувавме оние кои секојдневно ни ја даваат својата доверба, и дека уште долго ќе ги споделуваат своите најсреќни моменти со Моја Кравица. Затоа што, понекогаш, доволна е само една чаша чоколадно млеко за да се почувствуваш како дете“, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк.

Бимилк и Моја Кравица остануваат посветени на создавање производи кои го негуваат вкусот на детството и ја слават радоста што произлегува од малите, но искрени моменти. Понекогаш, токму преку чаша чоколадно млеко или слатко задоволство од пудинг, се раѓаат најубавите семејни сеќавања.

Клучни зборови

  • Бимилк
  • Моја Кравица
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk