Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Преку МојДДВ на граѓаните за девет месеци вратени 10,7 милиони евра

16 јун. 2020 г.·2 мин читање·170 прегледи

Следете не на Viber

Преку мерката МојДДВ која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.

Од лансирањето на МојДДВ во јули 2019 година до март 2020 година, односно за девет месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра, од кои повеќе од половина е поврат извршен за периодот јануари-март 2020 година, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

Oд тримесечје во тримесечје повратот на ДДВ кон граѓаните е поголем, што значи дека борбата против неформалната економија зајакнува, додава министерката.

Октомври-декекември 2019 повратот е повисок за 35,8 отсто во однос на претходното тримесечје, јануари-март 2020 повратот е повисок за 37,8 отсто во однос на претходното тримесечје, стои во објавата на министерката во која додава дека и бројот на граѓани кои скенираат сметки се зголемува, односно за третиот квартал од  2019 поврат добиле 155.664 граѓани, во четвртиот 188.135 граѓани и во првиот квартал годинава 232.716 граѓани.

Отсега граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи наместо 15 отсто ќе добиваат 20 отсто поврат на ДДВ, додека за останатите повратот ќе изнесува 10 отсто. МојДДВ освен во борбата против неформалната економија ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија, напиша министерката на својот ФБ профил.

Можеби ќе ве интересира: Аплицирајте за паричен надоместок [ тука ].

Клучни зборови

  • купувај домашно
  • мој ддв
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk