Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Нина Ангеловска гордо објави: „МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници – Барајте и скенирајте фискални сметки”

9 авг. 2020 г.·3 мин читање·477 прегледи

Следете не на Viber

„МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници”, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил, притоа додавајќи: „Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите”.

Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:

🛑 Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!

И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.

🛑 Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!

🛑 Со последните измени како одговор на Kовид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

👉 Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 денари и секој месец 15 награди x 20.000 ден.

👉 Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.

„Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал. Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество.”, напиша министерката.

Клучни зборови

  • МојаНаграда
  • МојДДВ
  • МојДДВ наградна игра
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk