Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Модирум го проширува своето глобално присуство со аквизицијата на Веб Фактори

6 јун. 2023 г.·3 мин читање·3538 прегледи

Следете не на Viber

Модириум, светски водечкиот провајдер на решенија за сигурносни наплаќања, денес објави дека успешно направи аквизиција на Веб Фактори, реномирана софтверска компанија од Скопје. Оваа стратешка аквизиција е значителен чекор за Модирум, кој го продолжува својот раст и воспоставува силно присуство на еден од најбрзорастечките ИТ пазари на таленти во регионот.

Веб Фактори, основана во 2009 година, ја заслужи својата одлична репутација со иновативните софтверски сервиси и решенија. Со талентиран тим од искусни професионалци и разновидно портфолио на успешни проекти, Веб Фактори конзистентно доставува одлични резултати и ги надминува очекувањата на клиенти од Америка, Европа и Азија. Оваа аквизиција ќе освозможи Модирум да го искористи експертското знаење, технологиите и односите со постоечките клиенти на Веб Фактори, зацврстувајќи ја својата позиција на пазарот.

Здружувајќи ги силите со Веб Фактори, Модирум има за цел проширување на својата понуда на производи и услуги, акцентирајќи го искуството и опсежните способности на квалификуваниот тим чие седиште е во Скопје. Аквизицијата е во согласност со стратегијата на Модирум за обезбедување на долгорочен раст, фокусирајќи се на зајакнување на нејзиното присуство на клучните пазари и диверзификација на своето портфолио, а во насока на обезбедување подобра услуга на својата глобална клиентела.

“Со задоволство ѝ посакуваме добредојде на Веб Фактори во семејството на Модирум“, изјави Јари Хеикинен, главен извршен директор на Модирум. “Оваа аквизиција не само што ги зајакнува нашите технички способности, туку и ни овозможува пристап до ИТ талентите во Скопје. Гледаме огромен потенцијал во регионот и сме посветени на понатамошно инвестирање во растот и развојот на локалната ИТ индустрија“.

“Ова претставува клучен момент за нашата компанија. Како една од најголемите самофинансирани и домашни ИТ компании во Македонија, заедничкиот пат со Модирум ќе го придвижи нашето 14-годишно работење напред, нудејќи бројни можности за ползување на нашата заедничка визија со цел поттикнување на раст, успех и иновации како во Македонија така и на глобално ниво.” – изјави Илија Лалковски, главен извршен директор на Веб Фактори.

Северна Македонија е препознаена како една од најбрзо растечките ИТ центри во Југоисточна Европа, која нуди богатa база на квалификувани ИТ професионалци и поддржувачка средина за бизниси. Спојувањето на Веб Фактори кон Модирум, е во насока на заложбите да се поддржи и утилизира експертизата на тимот од Скопје во намерите за иновации и унапредување на компаниското портфолио на продукти.

Како дел од аквизицијата, Модирум ќе ги задржи сите вработени на Веб Фактори и ќе обезбеди целосна интеграција. Клиентите на Веб Фактори може да очекуваат вообичаени бизнис релации со додадената вредност на подобрени ресурси и проширени понуди кои произлегуваат од соработката со Модирум.

За Модирум:

Модирум е глобален лидер во решенијата за сигурни плаќања, специјализирана за обезбедување на напредни технолошки платформи кои спроведуваат сигурни дигитални трансакции. Со препознаено присуство во повеќе од 50 земји низ светот, Модирум обезбедува врвна услуга за сигурни плаќања до клиенти од бројни индустрии, вклучувајќи банкарски сектор, е-трговија, малопродажба и телокомуникации. Во согласност со стратешката визија на Модирум, спојувањето на Веб Фактори кон групацијата ќе допринесе за проширување на присуството на глобално ниво и збогатување на понудата на иновативни решенија до своите клиенти.

Повеќе информации на www.modirum.com

ПР Објава

Клучни зборови

  • Веб Фактори
  • Модирум
  • софтверска компанија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk