Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Модерниот мост на Љубљанска ќе се изгради до крајот на годинава

4 јул. 2023 г.·2 мин читање·1660 прегледи

Следете не на Viber

Новиот модерен мост на Љубљанска, кој ќе ги поврзе улиците „Илинденска“ и „Скупи“, но и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, ќе биде готов кон крајот на годината. Широк е 24 метри, има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и претставува вистинско архитектонско решение, изјави вицепремиерот задолжен заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи на мостот Љубљанска во Општина Карпош.

За изградбата се одвоени повеќе од 6,2 милиони евра.

„Задоволен сум од динамиката со која се врши изградбата, бидејќи долната конструкција на мостот е завршена и моментално се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и плочата помеѓу крајниот и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување плоча помеѓу столбовите. По завршувањето на работите, ќе добиеме модерен мост. Очекувањата се работите на мостот да се финализираат кон крајот на оваа година“, посочи Битиќи.

За динамиката на започнатите проекти од ТАВ програмата, вицепремиерот наведе дека реализацијата е над 76 проценти. Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра, завршени се 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата, а тековно се работи на 22 други. Реализацијата на останатите 10 проекти ќе почне деновиве, најави Битиќи.

Според Курт, мостот ќе биде голема придобивка за локалните заедници, а ТАВ како аеродромски оператор, покрај аеродромското работење како главна дејност, придонесува и за развојот на локалната инфраструктура во Македонија.

Инаку, преку ТАВ програмата се градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, односно инфраструктурни проекти кои се значајни за граѓаните.

Клучни зборови

  • Неџат Курт
  • Фатмир Битиќи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk