Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Модерна ќе наплати 25 до 37 УСД за вакцината КОВИД-19

22 ное. 2020 г.·2 мин читање·1873 прегледи

Следете не на Viber

Модерна ќе наплати 25- 37 американски долари за вакцината КОВИД-19: Извршниот директор на компанијата изјавил за медиумите

„Нашата вакцина чини приближно исто колку и вакцината против грип, чијашто цена се движи помеѓу 10 и 50 американски долари“, изјавил тој.

Во понеделникот, официјален претставник на ЕУ вклучен во преговорите рече дека Европската комисија сака да постигне договор со Модерна за набавка на милиони дози од нивниот кандидат за вакцина по цена пониска од 25 долари за доза.

„Сè уште ништо не е потпишано, но блиску сме до договор со Европската комисија. Ние сакаме да испорачаме во Европа и сме во конструктивни разговори“, рече Банкел за „ WamS “, додавајќи дека во „прашање се денови“ кога договорот ќе биде постигнат.

Модерна изјавила дека нејзината експериментална вакцина е 94,5% ефикасна во спречувањето на КОВИД-19, заснованo na привремени податоци од доцната фаза на клиничките испитувања. Со ова Модерна стана втор развивач кој што објавил резултати што далеку ги надминале очекувањата, веднаш после Pfizer и неговиот партнер BioNTech.

ЕУ е во преговори со Модерна за нивната експериментална КОВИД-19 вакцина уште од јули.

Клучни зборови

  • Stephane Bancel
  • вакцина
  • модерна
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk