Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Uncategorized

Една од најголемите Мода Свети Николе ќе отпушта работници, извозот намален за 29%

26 јул. 2021 г.·2 мин читање·1347 прегледи

Следете не на Viber

Текстилната фабрика за производство на облека Мода Свети Николе која спаѓа во десетте најголеми компании по приходи во земјава и која е најголема по број на врботени, ќе отпушта работници. Фабриката вработува 503 работници.

Според финансиските резултати на текстилната фабрика во првите шест месеци годинава компанијата остварила полоши резултати од минатата година. Остварен е извоз во вредност од 987.000 ЕУР и е за 29% помал од истиот период во 2020 година.

-Остварените пониски резултати се резултат на намалениот број на работници и        дисконтинуитетот во работењето предизвикан од КОВИД-19, стои во извештајот на компанијата објавен на Македонска берза. Од Мода Свети Николе објаснуваат:

Поради проблемите во продажбата во СРГерманија, нарачките не се доволни за запослување на капацитетот на фабриката.

  1. Остварените расходи се за 10% пониски од минатогодишните.
  2. Во извештајниот период нема исплатени дивиденди.
  3. Во овој период нема остварено инвестиции во нова опрема.
  4.  АД МОДА нема никакви кредитни задолженија.
  5. Извозот главно се состои во машки кошули, женски блузи и заштитна облека за болници.
  6. Во идниот период се планира структурално и организационо прилагодување на фабриката на планираното производство и ке се намали бројот на работниците, а производството ке се организира во една смена.

Инаку, лани компанијата за една година имала приход од 3,5 милиони евра, а добивка 14.000 евра.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • Мода Свети Николе
  • отпушта работници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk