Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ММФ за Народната банка: Соодветно затегнатата монетарна политика придонесе за забавување на инфлацијата

15 ное. 2023 г.·2 мин читање·2407 прегледи

Следете не на Viber

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика кои обезбедија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации кои произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, која беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, кој и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.

ММФ посочува дека во изминатите осумнаесет месеци, Народната банка соодветно ја затегнуваше монетарната поставеност, што доведе до забавување на кредитниот раст и намалување на вкупната и базичната инфлација, коишто се намалија за повеќе од половина во однос на максимумот постигнат лани, при истовремено стабилизирање и на девизниот пазар. Сепак, се истакнува дека постојат нагорни ризици за инфлацијата во следниот период, коишто се поврзани пред сѐ со евентуалното опстојување на досегашниот висок раст на номиналните плати во економијата. Поради ова, се препорачува монетарната политика да остане соодветно затегната, а во случај овие ризици да се остварат, се посочува на потребата од нејзино дополнително затегнување.

Понатаму, се посочува дека надворешнотрговското салдо значително е подобрено во однос на минатата година, во еден дел под влијание на остриот пад на глобалните цени на енергијата. Ваквите движења, заедно со натамошниот прилив на странски директни инвестиции, позитивно влијаат врз девизните резерви, коишто и натаму се на соодветно ниво.

Во поглед на банкарскиот систем, ММФ смета дека тој е отпорен и покрај огромните глобални шокови, благодарение на силните биланси на банките пред почетокот на пандемијата, но и на мерките преземени од страна на централната банка за нивно дополнително зајакнување. Банките се ликвидни, добро капитализирани и профитабилни, депозитите и кредитите и натаму бележат раст, додека нефункционалните кредити се на историски најниското ниво. Мисијата на ММФ искажува поддршка за макропрудентните мерки донесени од Народната банка, коишто помагаат за задржување на финансиската стабилност преку намалување на притисоците на пазарот на недвижности.

Клучни зборови

  • мисија на ммф
  • ММФ
  • монетарна политика
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk