Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ММФ побара богатите земји да им помогнат на посиромашните

8 фев. 2021 г.·2 мин читање·1425 прегледи

Следете не на Viber

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, ги повика развиените економии да обезбедат поголема помош за земјите со ниски примања, предупредувајќи на „големите дивергенции“ во глобалниот раст, што може да ја загрозат стабилноста и да предизвикаат социјални немири во годините што доаѓаат.

Британските медуми ја цитираат Георгиева во оценката дека дури 50 проценти од земјите во развој се изложени на ризик од натамошно заостанување, што предизвикува загриженост за нивната стабилност и потенцијални социјални немири.

-За да се избегнат поголеми проблеми, богатите земји и меѓународните институции треба да вложат повеќе, додаде таа.

Таа, исто така, ги повика високо задолжените земји да не чекаат со преструктуирање на долгот, изјавувајќи дека е подобро тоа да се стори порано отколку подоцна и да се подобрат условите за раст.

-Минатата година главниот фокус беше ставен на локдаунот, а годинава се соочуваме со ризик од големата дивергенција, оцени Георгиева вчера за време на видео-конференциска врска со повеќе светски медиуми.

Според неа, ММФ проценува дека земјите во развој, кои со децении се приближуваат до просечното ниво на глобален доход, овој пат ќе се најдат во многу потешка ситуација.

Падот на животниот стандард во земјите во развој, рече Георгиева, ќе го отежне одржувањето на стабилноста и безбедноста во остатокот од светот.

-Кој е ризикот? Социјални немири. Можете да го наречете загуба на раст од една деценија. Може да биде загуба на една генерација (20-30 години), рече таа.

Георгиева додаде дека развиените економии трошат во просек околу 24 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на мерките за поддршка за време на пандемијата, во споредба со 6,0 проценти од БДП на пазарите во развој и 2,0 проценти во земјите со ниски приходи.

Таа истакна дека активностите за вакцинација се нееднакви и дека сиромашните земји се соочуваат со „огромни тешкотии“.

Само една земја во Африка, Мароко, почна да го вакцинира населението, истакнувајќи и изразувајќи сериозна загриженост за зголемената смртност во многу африкански земји.

Шефицата на ММФ кажа дека забрзувањето на вакцинацијата може да ја зајакне глобалната економија за 9.000 милијарди долари до 2025 година, а при што 60 отсто од користа ќе ја имаат земјите во развој.

Клучни зборови

  • Кристалина Георгиева
  • Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
  • ММФ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk