Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ММФ по втор пат ќе ја ревидира прогнозата за економски раст

13 мај 2020 г.·1 мин читање·42 прегледи

Следете не на Viber

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави денеска дека е „многу веројатно” фондот дополнително да ги намали своите глобални економски прогнози, бидејќи пандемијата на коронавирусот удри во многу економии потешко отколку што првично се очекуваше.

„Податоците што доаѓаат од многу земји се полоши од нашите веќе песимистички предвидувања”, рече Георгиева на веб-конференција, модерирана од „Фајненшал тајмс”.

„Многу е веројатно дека ќе излеземе со ажурирање на нашите предвидувања во одреден момент во јуни, и во оваа фаза … нашите очекувања се дека ќе има малку повеќе лоши вести за тоа како гледаме во 2020 година”, додаде шефицата на ММФ.

Пред еден месец, Фондот предвидуваше дека затворањето на деловните активности и карантинските мерки насочени кон забавување на ширењето на вирусот, ќе го втурнат светот во најдлабока рецесија од Големата депресија во 30-те. Проценката беше намалување на глобалниот бруто-домашен производ за 3 проценти во 2020 година.

Клучни зборови

  • Кристалина Георгиева
  • Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
  • ММФ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk