Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ММФ објави нов метод за проценка на одржливоста на државниот долг 

7 фев. 2021 г.·2 мин читање·7219 прегледи

Следете не на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) развива нов метод за проценка на одржливоста на долгот на земјите со пристап до финансиските пазари, за попрецизно предвидување на ризиците од финансиски кризи и подобрена транспарентност, изјавија официјалните лица.

Меѓународниот заемодавател последен пат се ажурираше во 2013 година, кога европската должничка криза беше во полн ек.

Заменик директорот за стратегија, политика и ревизија на ММФ, Џеромин Зетелмајер, рече дека проценката на одржливоста на долгот на една земја отсекогаш била помалку наука и повеќе уметност, а новиот систем треба да ја зајакне улогата на науката.

Тој додаде дека ММФ го ревидираше моделирањето на факторите поврзани со долгот со цел да развие попрецизна рамка што ќе им овозможи да предупредат на кризи и неодржливи и одржливи долгови.

Проценките се важни бидејќи тие помагаат да се утврди колку една земја може да позајми, почитувајќи ги строгите услови за одржливост на долгот на ММФ.

Тековниот метод за проценка ги посочува земјите кон низа индикатори за потенцијално опасни области, но им остава значителна дискреција на претставниците на ММФ при проценката.

„Новите алатки и модели ќе ги поврзат со статистички сигурна, механичка проценка на одржливост, која ќе биде потранспарентна“, објасни Зетелмајер.

Заменик-шефот за стратегија, политика и ревизија на ММФ, Манрике Саенц, рече дека новата методологија исто така треба да овозможи подобра проценка на капацитетот на земјите за сервисирање на потребите за финансирање со поддршка на ликвидни ресурси, потенцијални нови извори на приход и робустен домашен пазар.

Клучни зборови

  • Меѓународниот монетарен фонд
  • ММФ
  • статистика
  • финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk