Млечната индустрија е една од најстабилните и најприсутните во македонското производство. Од чаша јогурт до парче кашкавал или сирење ‒ млечните производи се дел од секојдневието, но зад тие производи стојат компании што управуваат со милионски обеми, големи производствени капацитети и сериозни пазари. Секторот е концентриран околу неколку клучни компании, но тие го движат пазарот. Според анализата што ја подготви порталот Пари врз база на податоците од Бизнис Мрежа, врвните 10 компании во оваа индустрија во 2024 година направиле вкупен приход од 130,3 милиони евра, со добивка од 6,7 милиони евра, и вработуваат 940 луѓе.
Доминира една компанија, а тоа е Млекара АД Битола, која е лидер во сите три категории: приход, добивка и број на вработени. И останатите иг…