Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Младите ќе добијат ваучери за обука за дигитални вештини од 30.000 денари

19 јун. 2020 г.·3 мин читање·2945 прегледи

Следете не на Viber

Согласно со третиот сет економски мерки, Владата донесе Уредба за доделување ваучери за млади лица за обука за дигитални вештини во вредност од 30.000 денари. Ваучерите ќе покријат дел од трошоците за ИТ-обуките кои ќе бидат од најосновни до најнапредни дигитални вештини и програмирање. Вкупниот буџет е 150 милиони денари.

Како што соопшти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција, правните лица кои се заинтересирани за давање обуки за дигитални вештини треба да се пријават на повикот кој Министерството за образование и наука ќе го објави на 29 јуни, а пријавувањето ќе биде преку националниот портал за електронски услуги: www.uslugi.gov.mk.

Правните лица кои ќе се пријават, како и видот на обуките што ќе ги понудат, ќе бидат селектирани од Дигитален форум – независно тело со претставници од универзитети со ИКТ-студии, четирите стопански комори, ИКТ-експерти и двајца претставници од Владата. Целта е јавноста да биде сигурна дека селекцијата на обуките ќе биде транспарентна и согласно со потребите на пазарот на трудот.

Дигиталниот форум ќе ја утврди листата на даватели на обуки за дигитални вештини, како и самите обуки. Листата ќе биде јавно објавена од МОН. Младите лица самите ќе изберат видот на обука и правното лице што ќе ги обучува, согласно со нивните потреби и знаења.

Право на пријавување ќе имаат млади до 29 години  со најмалку  завршено средно образование. И тие ќе се пријавуваат преку порталот uslugi.gov.mk почнувајќи од 19 јули. Ќе добијат електронски ваучер во вредност од 30.000 денари кој потоа ќе можат да го искористат кај некој од понудувачите на обуките од утврдената листа.

-Се одлучивме за овој чекор со цел да им помоигнеме на младите лица за справување со последиците од економско-здравствената криза, но и да бидат конкурентни за работни места на кои платите се повисоки и поради евидентниот недостиг на ИТ-кадар. Пандемијата со КОВИД-19 донесе нови правила на работа и неопходно е сите да се прилагодиме на тоа. Дигиталната трансформација и вештини се наметнаа како неопходни како никогаш претходно, рече Манчевски.

При селекцијата на даватели на обуки ќе бидат земени предвид соодветноста на предложените обуки, а од друга страна истражувањата за потребите од дигитални вештини на пазарот на трудот. Постапката за аплицирање на фирмите, на граѓаните и употребата на ваучерите ќе биде целосно електронска.

Клучни зборови

  • дигитални вештини
  • електронски услуги
  • Министерството за образование и наука
  • обука
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk