Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

М КЕШ дел од MicroBalkans Alliance ’25 – регионален форум за иднината на финтек индустријата

7 ное. 2025 г.·3 мин читање·441 прегледи

Следете не на Viber

Од 5 до 7 ноември 2025 година, во Дубровник, Хрватска, се одржува MicroBalkans Alliance ’25 – еден од најзначајните регионални настани, посветен на развојот на микрофинансискиот сектор и поттикнување на финансиската инклузивност во земјите од Западен Балкан.

Организиран од Association of Microfinance Institutions in Bosnia and Herzegovina (AMFI), овој престижен настан повторно ги обединува водечките институции, експерти и претставници од целиот регион со заедничка цел – зајакнување на соработката, размената на знаење и промовирање на одговорни и иновативни финансиски практики.

Годинешната конференција е стратешки фокусирана на четири клучни приоритети што ја обликуваат иднината на финансискиот екосистем во регионот: дигиталната трансформација, одржливиот раст, подобрување на пристапот до капитал и унапредување на одговорното финансирање. Преку серија панел-дискусии и работни сесии, експерти, регулатори и лидери од индустријата разменуваат искуства, визии и иновативни решенија за унапредување на финтек и микрофинансискиот сектор.

На овој значаен форум, М КЕШ ја претставува Северна Македонија преку своите претставници:

  • г-ѓа Бјанка Катру – Заменик генерален директор
  • г-ѓа Јелица Бајалска – Правник во М КЕШ

Претставниците на М КЕШ активно учествуваат во конференциските активности, воспоставуваат партнерства со институции и експерти од регионот и разменуваат добри практики во областа на одговорното кредитирање и дигиталните финансиски решенија.

Присуството на М КЕШ на MicroBalkans Alliance ’25 претставува потврда за континуираната заложба на компанијата да биде дел од современите трендови во финтек индустријата и активен учесник во процесите кои придонесуваат за иновативност, економска отпорност и поширока достапност на финансиски услуги за сите граѓани.

Во рамките на форумот, македонската финтек индустрија е застапена преку претставници од повеќе водечки компании и институции – Никола Јошевски (Претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва и Извршен директор на Минт), Арлинда Муја (Потпретседател и Регионален извршен директор на Финмак), Татјана Давчев (Директор за правни работи и усогласеност во Иуте Македонија) и Антонета Манова Ставеска (Проектен менаџер на Групацијата при Стопанската комора на РСМ), кои како панелисти ќе говорат на различни теми во текот на дводневната конференција.

Оваа заедничка застапеност ја нагласува улогата на македонската финтек заедница во регионалниот финансиски екосистем и симболизира континуиран напредок и раст на секторот, кој преку иновативност, дигитализација и регионална соработка станува сè повидлив дел од меѓународните финансиски процеси.

„Нашето присуство во Дубровник е можност да размениме идеи и да придонесеме кон заедничка визија за поодржлив, транспарентен и фер финансиски систем. Веруваме дека ваквите форуми се двигател на позитивни промени кои им користат и на граѓаните и на економиите во целиот регион,“ – истакнаа од М КЕШ.

Со ова учество, М КЕШ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на финтек индустријата, дигиталната трансформација и регионалната соработка, позиционирајќи се како сигурен и одговорен партнер во современиот финансиски екосистем.

ПР Објава

Клучни зборови

  • MicroBalkans Alliance ’25
  • М Кеш
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk