Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

24 мар. 2023 г.·2 мин читање·561 прегледи

Следете не на Viber

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.

Во првиот круг беа избрани најдобрите 3 тима во земјата од вкупно пријавените 391 тим од 76 основни и средни училишта, менторирани од 101 наставник/професор. На македонски јазик се натпреваруваа 379 тимови, а 16 се натпреваруваа на албански јазик.

Победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на 16-ти мај во Брисел, Белгија се Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен под менторство на Соња Стрезовска.

Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ “Јане Сандански” – Битола под менторство на Билјана Кочовска , додека третопласирани беа Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ “Гоце Делчев” – н.Илинден, под менторство на  Данче Нацевска.

Нашата земја по петти пат учествува на овој проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на ученици од 13 до 15 години.

Клучни зборови

  • Европски квиз на пари 2023
  • Македонската банкарска асоцијација (МБА)
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk