Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛУКОИЛ: Робертус е четвртиот починат бизнисмен од компанијата од почетокот на војната со Украина

14 мар. 2024 г.·4 мин читање·2681 прегледи

Следете не на Viber

Смртта на рускиот тајкун Виталиј Робертус (54), кој „ненадејно“ почина е дури четврта мистериозна смрт поврзана со врвна нафтена компанија од инвазијата на Русија врз Украина, пишуваат светските медиуми. Се работи, имено за уште еден од истакнатите бизнисмени од поблиското опкружување на рускиот претседател Путин, е најновиот член на елитата на Кремљ кој умира под мистериозни околности.

Виталиј Робертус, потпретседателот на рускиот нафтен гигант Лукоил, „ненадејно“ почина на 54-годишна возраст – соопштија од компанијата на 13 март Лукоил ја објави смртта на починатиот извршен директор во кратко соопштение, во кое изразија „длабоко сочувство“. Не беа дадени детали за причината или околностите. Во соопштението компанијата додаде: „Во нашето сеќавање тој ќе остане талентиран лидер, сестрана личност и симпатичен другар“.

Робертус е четвртиот извршен директор кој загинал од почетокот на војната на Владимир Путин против Украина и петта истакната личност поврзана со нафтениот гигант. Робертус, повеќекратно одликуван извршен директор, беше во Лукоил повеќе од 30 години.

Робертус беше познат и по тоа што е еден од најталентираните руски аеро-моделари. Тој беше почесен мајстор на спортот на Руската Федерација и седумкратен шампион на Русија во аеро-моделирање, како и четирикратен светски шампион. Тој исто така бил квалификуван пилот на авион и хеликоптер.

ИСТАКНАТИ БИЗНИСМЕНИ ОД ЛУКОИЛ УМИРААТ ВО НИЗА

Во ноември, рускиот сенатор и поддржувач на војната, Владимир Лебедев, руски сенатор со блиски врски со Кремљ, ненадејно почина на 60-годишна возраст, откако доживеа „срцев удар“.

Не беа дадени повеќе детали, но неговите колеги го опишаа како здрав и рекоа дека неговата смрт е „длабок шок“.

Лебедев имаше блиски деловни врски со Владимир Некрасов (66), претседател на одборот на директори на енергетскиот гигант Лукоил, кој исто така „ненадејно“ почина во ноември.

Некрасов беше третиот врвен извршен директор на нафтената компанија што почина од почетокот на војната.

Лукоил првично бараше преговори за прекин на борбите со Украина, акт што му означуваше на Путин дека компанијата нема да му биде лојална.

Пред смртта на Лебедев и Некрасов, тајкунот на Лукоил, Равил Маганов (67) падна од прозорецот на елитната Централна клиничка болница во Москва, позната и како клиника Кремљ, во септември 2022 година.

Имаше сомнежи за убиство, но Маганов бил во болница поради долгогодишен проблем со срцето и паднал од прозорецот на шестиот кат, по што починал на лице место.

Истото утро, Путин влезе во болницата за да му оддаде последна почит на Михаил Горбачов, последниот советски лидер, кој почина истата недела.

Милијардерот Александар Суботин (43) – исто така поврзан со енергетскиот гигант Лукоил каде што беше врвен менаџер – беше пронајден мртов во мај 2022 година.

Една од циркулирачките теории е дека Суботин бил отруен со отров од крастава жаба – кој потоа предизвикал срцев удар.

Како и сите највисоки раководители на Лукоил, неколку руски генерали се убиени од почетокот на војната.

Генералниот полковник Генадиј Жидко (58) беше пронајден мртов од мистериозна болест, откако беше исчистен од воената команда во август. Новинската веб-страница „Радовка“, која е лојална на режимот на Путин, објави дека Жидко починал по „долго боледување“.

Неговата смрт беше потврдена и од регионалниот гувернер на Хабаровск, Михаил Дегтјарев, друг лојалист на Кремљ. Сепак, се уште нема официјално соопштение и ниту еден извештај не е спомнат каде починал.

Додека генералот Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) беа пронајдени во нивниот дом во селото Аџиевски во Ставрополската област.

„ЕПИДЕМИЈА“ НА УМИРАЧКИ ОД „ВИСОК ПРОФИЛ“ ВО РУСИЈА

Поранешниот командант на руската противвоздушна одбрана еднаш го критикуваше Путин дека дозволил „третокласни“ воздухопловни сили. Тој побара од Путин „да создаде нормални услови за живот за младите офицери, како и за сите војници, за да можат правилно да ги извршуваат своите службени должности“.

Надлежните сè уште не можат да ја утврдат причината за нивната ненадејна смрт.

Повеќе од 30 личности од висок профил од Русија умреле или загинале под неразјаснети околности од почетокот на војната во Украина, наведува британскиот весник Сан.

Клучни зборови

  • Виталиј Робертус
  • владимир путин
  • војна русија украина
  • лукоил
  • нафта
  • русија
  • Украина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk