Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Мислел дека е шега-Милионерот на Стопанска банка е Антонио Зврцинов

5 авг. 2021 г.·2 мин читање·7269 прегледи

Следете не на Viber

Вчера во управната зграда на Банката не посети Антонио Зврцинов од Скопје, среќниот добитник на главната награда од 1 милион денари од наградната игра „Милион причини да купуваш безбедно“ , соопштија од Банката.

Добитникот на присутниот Менаџмент накратко му го опиша своето искуство со наградната игра и извлекувањето. Имено, тој е корисник на ВИСА кредитна картичка од Стопанска банка АД – Скопје од 2018 година и активно ја користи во трговската мрежа, а добитната трансакција ја направил со мало купување на интернет. Во моментот кога од Банката го контактираа за добивката, Антонио се наоѓал на терен со своите колеги па помислил дека станува збор за некаква шега и не поверувал во добивката. Откако подоцна доби и повик од Контакт центарот и уште еднаш ги провери објавите за наградната игра на веб страницата на Банката се увери дека имал вистинска среќа и информацијата ја споделил со најблиските.

Водени од максимата дека среќата е поголема кога се споделува, Антонио и семејството несебично одлучиле да донираат дел од добивката за Домот за деца без родители па со исплатата на средствата од добивката г. Зврцинов веќе ги договорил деталите околу донацијата на спорстка опрема за децата под заштита на Домот.

Генералниот извршен директор г. Диомидис Николетопулос на кратката средба му посака на г. Зврцинов и во иднина да го следи среќа и да му се остваруваат плановите и амбициите а Стопанска банка АД – Скопје ќе остане на негова страна.

Им честитаме уште еднаш на среќните добитници на 101 награда од големата наградна игра „Милион причини да купуваш безбедно“! Стопанска банка АД – Скопје продолжува да ги наградува своите лојални клиенти и да нуди производи и услуги во склад со нивните желби и потреби.

Секако, согласно ветувањето на почетокот на кампањата за наградната игра, Банката донираше во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје хируршка и лапароскопска опрема за Клиниката со која се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број пациенти кои секоја година безрезервно ги добиваат услугите од Клиниката.

Клучни зборови

  • Антонио Зврцинов
  • Диомидис Николетопулос
  • избран милионер
  • наградна игра
  • Стопанска банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk