Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

10 јун. 2026 г.·3 мин читање·757 прегледи

Следете не на Viber

Кога последен пат купивте автомобил, веројатно не го плативте само автомобилот.

Плативте регистрација. Осигурување. Редовни сервиси. Непланирани трошоци. И неизвесност околу тоа колку ќе вреди возилото кога ќе дојде време да го продадете.

Токму затоа MINT ја воведува услугата оперативен лизинг на нови и користени возила, нудејќи им на физичките лица и компаниите поедноставен, попредвидлив и пофлексибилен начин за користење автомобил.

Услугата беше официјално претставена во новите простории на Минт Центар во Битола, каде компанијата го најави својот најнов производ со кој на локалниот пазар носи модел што со години успешно функционира низ Европа.

Наместо голема почетна инвестиција за купување возило, клиентите добиваат фиксна месечна рата во која се вклучени редовниот сервис и КАСКО осигурувањето. Трошоците се однапред познати, без непријатни изненадувања и без дополнителни грижи околу одржувањето на возилото.

Практично, единственото што останува е да ставите гориво и да возите.

„Луѓето денес не бараат само автомобил. Бараат предвидливост, сигурност и услуга без непријатни изненадувања. Токму затоа го воведовме оперативниот лизинг како решение што им овозможува на клиентите да возат поново и подобро возило, а притоа да не се грижат за сервисирање, осигурување и идна препродажба“, велат од MINT.

Оперативниот лизинг е наменет за сите кои сакаат секогаш да користат сигурно и редовно одржувано возило, без да врзуваат значителни финансиски средства во сопственост и без ризикот што го носи неговата понатамошна продажба.

По истекот на договорот, возилото едноставно се враќа. Без огласи. Без преговори. Без губење време.

MINT овозможува избор на нови и користени возила со период на користење до 48 месеци, прилагоден на потребите на приватните корисници и деловната заедница.

Со воведувањето на оперативниот лизинг, MINT продолжува да ја проширува својата понуда на современи услуги за возачите, нудејќи комплетно решение на едно место, од регистрација, технички преглед и осигурување, до финансиски производи кои го прават користењето возило поедноставно и поефикасно.

За повеќе информации околу достапните возила и условите за оперативен лизинг, јавете се на 15 107.

Минт Финтек Групација

Вие возите. За останатото се грижиме ние.

Клучни зборови

  • автомобил
  • МИНТ
  • оперативен лизинг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk