Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Министерството за здравство ги објави телефонските броеви за информации за повредените  

16 мар. 2025 г.·2 мин читање·1998 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за здравство ги објави телефонските броеви на кои можат да се добијат информации за состојбата на хоспитализираните лица, повредени во пожарот што ноќеска се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во болниците во неколку градови се примени повеќе од 150 лица, а 18 се во критична состојба. Животите ги загубија 51 лице.

Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“: 071/226764

Клинички центар „Мајка Тереза“: 070/387115

Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“: 075/203026

Според информациите од Министерството, хоспитализирани се 152 пациенти:

  • Детска хирургија – 4
  • Клиника за пластична хирургија – 11
  • Клиничка болница Штип – 45
  • Општа болница Кочани – 30
  • Св. Наум Охридски – 29
  • 8 Септември – 17
  • КАРИЛ – 16

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:

  • Детска хирургија – 3
  • КАРИЛ – 7
  • Градска општа болница – 5
  • Стара Градска – 3
Директорката на болницата во Кочани, доктор Кристина Серафимова, посочи дека загинатите се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани: „Тешко беше да се идентификуваат дел од лицата, зашто дел од нив немаа лични карти. Починатите беа на возраст од 14 до 24 години“.

Низ социјалните мрежи се шират повици од семејствата кои се уште немаат никаква информација за нивните деца. Добар дел од присутните на концертот во дискотеката немале лични карти.

„Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

 

Клучни зборови

  • болници
  • КОЧАНИ
  • Министерство за здравство
  • пожар
  • телефонски броеви
  • хоспитализирани
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk