Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Минимум 65.492 денари за живот во декември

20 дек. 2025 г.·2 мин читање·1494 прегледи

Следете не на Viber

За еден месец – од ноември до декември, синдикалната минимална кошница поскапела за 319 денари. Намирувањето на најосновните животни потреби месецов чинело 65.492 денари. А, само за храна и пијалаци – 23.640 денари, што со 36,1 отсто е најголемата ставка. За споредба, ноемвриската кошница чинеше 65.173 денари.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека за образование се потрошени 7.159 денари, а за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари. Четвртата ставка споре висината на трошоците е снабдувањето со облека и обувки, што чини 5.875 денари. Превозот (транспорт) чинел 4.636 денари, ресторани и хотели 4.131 денар, комуникации 3.417 денари. За хигиенските навики или личната и одржувањето на хигиената во домот се потребни 2.620 денари.

Доколку просечното четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, тогаш  синдикалната минимална кошница изнесува 80.867 денари. Притоа, за режиските трошоци во кои спаѓаат станарината, потрошените вода и струја, како и греењето се потребни 21.505 денари.

Од први јануари и Владата ќе прави пресметки на просечните потреби. Тоа го најави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, посочуувајќи дека на оваа тема ќе се разговара на Економско–социјалниот совет што е закажан за во понеделник.

„Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони, а од овошјето и зеленчукот ќе биде земено она што е карактеристично за периодот кога се пресметува во текот на годината“, наведе Ристески.

 

Клучни зборови

  • декември
  • синдикална минимална кошница
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk