Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Милковски го зголемуваат уделот во Гранит: За милион евра купени 35.776 акции

4 ное. 2025 г.·2 мин читање·4826 прегледи

Следете не на Viber

Најголемите акционери на Гранит од семејството Милковски, го зголемиле сопственичкиот удел со купување на вкупно 35.776 акции. Во нив се инвестирани речиси еден милион евра, без оглед дали се платени по просечната берзанска цена за акција од 1.680 денари, или по 1.700 денари, износ од последните блок-трансакции.

„Известуваме дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје и тоа:

Страшо Милковски – претседател на Управен одбор се стекна со 8.760 обични акции;

Зоран Милковски – член на Управен одбор се стекна со 12.300 обични акции;

Ивана Милковска – Симева – претседател на Надзорен одбор се стекна со 14.716 обични акции“, наведено е во информацијата споделена преку Македонска берза.

На крајот од минатата недела беа реализирани две блок-трансакции, преку кои е извршена купопродажба на 35.360 акции. Поголемата од 29 октомври е со вредност од 56.712.000 денари или 922,1 илјада евра, платени за 33.360 акции. Следната, со датум од 31 октомври е изведена со 2.000 акции и промет од 3.400.000 денари или околу 55,3 илјади евра.

Претходно, на 27 октомври е регистриран уште еден блок со 2.340 акции, со истата цена од 1.700 денари и вкупно 3.978.000 денари (близу 64,7 илјади евра).

Исто така, голема блок-трансакција имаше и во септември, кога од Берзата соопштија дека во 49.162 обични акции на Гранит, кои обезбедуваат 1,6 отсто од основната главнина на градежната компанија, биле вложени 95.865.900 денари, што е еднакво на 1,56 милиони евра.

Градежната акција е меѓу најтргуваните на Македонска берза. Денес, на пример, е направен промет од 8.666.800 денари (140,9 илјади евра). Истргувани се 5.130 акции по просечната цена од 1.689,43 денари.

Клучни зборови

  • Гранит АД Скопје
  • Македонска берза
  • Милковски
  • обични акции
  • сопственички удел
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk