Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мајкрософт најавува иднина без лозинки

21 дек. 2020 г.·2 мин читање·989 прегледи

Следете не на Viber

Мајкрософт веќе некое време е поборник за технологија без лозинки, истакнувајќи дека сака да исчезнат традиционалните и несигурни лозинки.

Компанијата инвестираше во различни решенија во текот на изминатите неколку години, како што се Windows Hello, Microsoft Authenticator, безбедносни клучеви FIDO2 и систем за автентикација на дланка.

Сега компанијата ги истакна чекорите што ги презеде за да се намали употребата на лозинки во текот на 2020 година и изјави дека планира да ги направи лозинките минато за сите свои корисници во 2021 година.

„Мајкрософт“ откри дека скоро 80 проценти од сите сајбер напади таргетираат лозинки, а една од 250 корпоративни сметки е компромитирана секој месец поради ова.

Компанијата затоа се обидува да најде начин за најава без лозинки. Во ноември 2019 година, 100 милиони луѓе користеа најава на Мајкрософт без лозинка. Тој број се искачи на 150 милиони до мај 2020 година, што покажува дека милиони луѓе се подготвени да ги отфрлат лозинките.

Во текот на 2020 година, Мајкрософт учествуваше на разни конференции за споделување на својата визија за иднината без лозинка и за опкружувањето Zero Trust. Компанијата соработуваше со неколку безбедносни партнери во Асоцијацијата за интелигентна безбедност на Мајкрософт (MISA) за да работи решенија без лозинка.

Мајкрософт планира да ги направи лозинките непотребни за корисниците на своите услуги до 2021 година. Компанијата во моментов развива нови API и UX за управување со безбедносните клучеви FIDO2, а исто така има за цел да испорача „портал за конвергирана регистрација“ каде што корисниците ќе можат да управуваат со своите податоци без лозинка.

Клучни зборови

  • без лозинки
  • иднина
  • Мајкрософт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk