Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Официјално е: Мајкрософот ќе го купи ТикТок

4 авг. 2020 г.·2 мин читање·1377 прегледи

Следете не на Viber

Мајкрософт во неделата потврди дека преговарала со кинеската компанија ByteDance, за купување на социјалната апликација „TikTok.“ Мајкрософт изјави дека ќе продолжи да работи со американската влада и дека има намера да склучи договор до 15ти септември.

Изјавата доаѓа два дена откако медиумите, вклучително и CNBC, објавија дека Мајкрософт е заинтересиран за стекнување на апликацијата, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Откако се појавија извештаите, претседателот Трамп рече дека се спротивставува на идејата Мајкрософт да го купи „ТикТок.“

Мајкрософт може да им понуди на други американски инвеститори да се вклучат во аквизицијата, соопшти извршниот директор, и додаде дека тој разговарал со Трамп. Компанијата не ги откри условите на договорот.

„Оваа нова структура ќе се заснова на искуството што корисниците на TikTok моментално го сакаат, истовремено додавајќи заштита од светска класа, заштита на приватноста и дигитална заштита“, рече Мајкрософт. „Оперативниот модел за услугата ќе биде изграден за да се обезбеди транспарентност на корисниците, како и соодветен безбедносен надзор од страна на владите во овие земји“.

Мајкрософт соопшти дека ќе се погрижи податоците за корисниците на TikTok во САД да бидат лоцирани во земјата и дека податоците зачувани на друго место ќе бидат избришани откако ќе бидат преместени. Портпарол на TikTok во неделата изјави за CNBC дека податоците за корисниците на TikTok во САД се чуваат во САД.

Стекнувајќи дел од TikTok може да ги комплицира односите на Мајкрософт со компанијата за социјални медиуми Фејсбук, која го гледа ByteDance како конкурент. Мајкрософт инвестираше 240 милиони долари на Фејсбук во 2007 година, и од тогаш двете компании работеа заедно на различни иницијативи. Во јуни, кога Мајкрософт објави дека ќе ја затвори услугата за стриминг на видео игри на Микер, ги охрабри корисниците да се префрлат на конкурентскиот производ на Фејсбук.

Фејсбук оваа година соопшти дека ќе затвори апликација наречена Ласо, која е слична со TikTok во смисла дека и двете апликации им дозволуваат на корисниците да снимаат кратки видеа и да ги комбинираат со песни.

Клучни зборови

  • bytedance
  • аквизиција
  • Мајкрософт
  • тикток
  • трамп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk