Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

МФ: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

27 ное. 2023 г.·2 мин читање·701 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за финансии денеска ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници.

Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои гласат на име, во евро валута и се неограничено преносливи. Номиналната вредност на една обврзница е 1 евро, а каматната стапка е 2% годишно. Номиналната вредност и каматата на имателите на обврзници се исплаќа во период од 10 години. Исплатата на каматата и номиналната вредност се врши еднаш во годината, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2024 година. Имателите на обврзници за денацонализација, исто така , може да ги користат и за отплата на становите во општествена сопственост.  Со обврзниците за денационализација може да се тргува и на секундарниот пазар на Македонската берза.

Република Северна Македонија согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација,  почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата на Република Северна Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Државата досега има издадено 21 емисија на Обврзница за денационализација на износ од  391,2 милиони евра. Обврзници за денационализација се издаваат почнувајќи од 2002 година.

Клучни зборови

  • денационализација
  • Министерство за финансии
  • обврзници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk