Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Месечна заштеда до 2.000 денари со 0% ДДВ за основните прехранбени намирници – СДСМ предлага законско решение

4 ное. 2024 г.·2 мин читање·2694 прегледи

Следете не на Viber

Со укинување на ДДВ, односно со целосно ослободување на основните прехранбени артикли од овој данок, граѓаните месечно би можеле да заштедат од 1.200 до 2.000 денари. Пресметката ја направиле социјалдемократите, кои подготвиле и доставија до Собранието Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Сведувањето на стапката од сегашните пет на нула проценти ќе придонесе за реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, сметаат од СДСМ.

Според лидерот на оваа партија, Венко Филипче, Предлогот опфаќа повеќе од 250 категории производи.

„Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ за прехранбените производи, односно од пет на нула проценти ДДВ за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, образложи Филипче. Притоа, посочи дека во синдикалната потрошувачката кошничка, врз која и се правени пресметките, делот за храна и пијалаци е 23 илјади денари, а ефектите од намалувањето на ДДВ на нула проценти ќе донесе месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

Исто така, нагласи, спроведувањето на предложеното не налага обезбедување на финансиски средства. Освен тоа, нема можност ваквата мерка да биде изиграна од трговците „како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски“, вели Филипче.

Според него, досегашните владини мерки не дале резултати, и повика и да почне да се применува Законот за нефер трговски практики, со кој се тактизира.

„Да престанат да тактизираат и со Законот за нефер трговски практики. Со него се опфатени над 2.600 земјоделски производи“, нагласи Филипче.

Воедно, СДСМ повторно ќе го поднесе предлогот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој претходно беше одбиен.

Клучни зборови

  • ДДВ за основни прехранбени артикли
  • нула проценти ДДВ
  • потрошувачка кошничка
  • храна и пијалаци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk