Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Мен енд Маунтен заедно со Пивара Скопје и Пакомак продолжува со најголемата акција за чистење и пошумување ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023

11 мај 2023 г.·3 мин читање·760 прегледи

Следете не на Viber

Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16 000 волонтери.

Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 од 12-ти до 14-ми мај, ќе биде собран отпадот од локациите мапирани од страна на секоја општина засебно.

Волонтерите од Пивара Скопје, заедно со останатите партнери и заинтересирани граѓани, во петок, на 12 мај, ќе го собираат отпадот на локација во атарот на селото Јажинце под општина Јегуновце, во подножјето на Шар Планина.

„Девет месеци континуирано го посветуваме нашето време, ресурси и волонтерските часови на Пиварци во креирање на платформа која ќе ги промени навиките градејќи систем за одржлива животна средина, и ќе создаде партнерства со сите оние со кои ги делиме истите вредности“, изјави Ламбро Патче, директор за корпоративни работи и одржливост на Пивара Скопје.

За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен Крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.

„Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата и да се вклучиме во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – акција која ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина“, изјави Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и јас лично, како еден од првите пет топ приоритети ја имаме ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА, која нашата држава во голема мера ќе ја направи поеколошка и позелена. За секои 10 кг собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот  со разновиден растителен и животински свет“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

„Шпаркасе Банка интензивно ги поддржува активностите во областа на екологијата и на заштитата на човековата средина, како предуслов за просперитет на сегашните и идните генерации и креирање на одржлив свет“, изјави Катарина Штерјовска-Раца, раководител на маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

“ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД инспирира промени, повикува на единство за нешто што е важно и во заеднички интерес на сите нас, а тоа е чист воздух, чиста почва и чиста вода“, изјави Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.

„Кога целото општеството соработува заедно, можеме да направиме промени: Да се извалкаме и да исчистиме!“, изјави Гордана Софија од Мен енд Манутен.

Клучни зборови

  • ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД
  • Мен енд Маунтен
  • Министерството за животна средина
  • Нула Отпад
  • Пакомак
  • пивара скопје
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk